Линкови за пристапност

Банкарот Борјан Пановски, прв Македонец со едрилица преку Атлантикот


Борјан Пановски - Прв Македонец со едрилица преку Атлантикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Борјан Пановски - Прв Македонец со едрилица преку Атлантикот

Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, на Карибите. Годинава, дел од оваа морска одисеја, која почнува на 24-ти ноември, ќе биде и еден Македонец.

Секој ноември, од 1986-та, се организира преминување со едрилици преку Атлантикот до Карибите, во рамки на регатата, Atlantic rally for Cruisers. Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, на Карибите. Годинава, дел од оваа морска одисеја, која почнува на 24-ти ноември, ќе биде и еден Македонец.

Банкарот Борјан Пановски живее веќе 15-на години во САД и работи од 9 до 5 во Вашингтон, во секторот за финансирање инфраструктурни проекти за транспорт и енергетика. Но, пасијата кон едрилицата му дава нова енергија, смисла на животот...


Ќе биде првиот човек Македонец што го минал Атлантикот со едрилица. Маршрутата на регатата е од Лас Палмас, Канарските острови, до Света Луција, Карипските острови.

Потфат, но и голем предизвик.

„Се работи за дестинација од околу 2700 наутички милји, или околу 5000 километри. Јас сум дел од шест член екипаж и ќе се обидеме да го препловиме Атлантикот на едра! – коментира овој банкар.

За Гласот на Америка, се осврна на карактеристиките -

Едрилицата е монохол, еднотрупна едрилица, 17 метри. Ќе бидеме шестчлен екипаж и ќе возиме во смени на секои 4-6 часа, 24 часа, нон-стоп значи ќе има и ноќно едрење“, вели Пановски.


Едрличарството исполнува со внатрешен мир, своевидна изолација од секојдневната динамика, потенцира Пановски. Без размислување, ја прифатил покана да биде член од екипажот, со оглед дека има искуство.

Пановски очекува патувањето да трае меѓу 15 и 18 дена, во зависност од временските услови и силината на ветерот на отворено море.

Се плови во брутални временски услови, но задоволството од разните дестинации – не може да се опише со зборови, вели Пановски.

Преминувањето на Атлантикот има многу симболика, уште од времето на откривањето на Америка, вели Борјан.

„Се работи за еден потфат што можеби не изгледа тежок, но ако се земе предвид дестинација и комплексноста, на милост и немилост на времето, бара исклучителни подготовки“, наведува Пановски.

Но, и истрајност и издржливост. Гласот на Америка ќе информира, подоцна, и за авантурата при преминување на Атлантикот со едра!

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG