Линкови за пристапност

Македонецот Борјан Пановски: Со едрилица преку Атлантикот за 18 дена


Македонецот Борјан Пановски: Со едрилица преку Атлантикот за 18 дена
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Македонецот Пановски: Со едрилица преку Атлантикот

Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, Карибите.

Секој ноември, од 1986-та, се организира преминување со едрилици преку Атлантикот до Карибите, во рамки на регатата, Atlantic rally for Cruisers. Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, Карибите.

Банкарот и пасиониран аматер-едриличар Борјан Пановски, дел од седумчлениот екипаж на крузерот „бенето 57“, долг 17 метри, наречен „Истриа“ беше гостин во Гласот на Америка. Македонец, што го преплови Атлантски океан, во рамки на трансатлантската регата „АРЦ 2019“, која се одржува секоја година на крајот од ноември ѝ е околу 5000 километри.

Глас на Америка: За колку време го минавте Атлантикот?

Маршутата на пловење
Маршутата на пловење

„Регата успешно ја завршивме за 18 дена, 12 часа и 51 минути од Лас Палмас на канарските острови, до Родни беј, во Света Луција во Карипското море“, изјави Пановски.

Од Лас Палмас тргнале над 180 едрилици со различни големини и во различни класи, а Пановски во Санта Луција пристигнал меѓу првите стотина.


„Интересно доживување“, вели Борјан. Го истакна високиот морал меѓу екипажот што го сочинувале - Македонец, двајца Ирци, двајца Американци и еден Французин, и еден Бугарин, кој се грижел за електриката и апаратите на едрилицата.

Издвои, една непријатна случка на отворено море –

„Најнапнато беше кога ни се скина главното едро во три часот по полноќ во мртва темница, кога мораше целиот екипаж итно да се сретне кај јарболот и да се обидеме да го извадиме, зашто имаше големи бранови, а тоа траеше повеќе од еден час“, се навраќа Пановски.

Борјан објаснува како ротирал, екипажот.

„Поделени бевме во две групи. Јас бев капетан (watch captain) на едната. Бевме поделени на четири часа преку ден, и шест преку ноќ, што иако звучи многу, но имаше време и за одмор“, вели овој банкар.

Преминувањето преку Атлантикот и отвореното море изобилува со несекојдневни глетки... но и мигови, за закуска, директно од океанот, како свежа туна!

„Што ли ќе се случи, ако некој падне во вода, бидејќи тоа е една од најголемите опасности што може да се случи кога сте на едно такво патување, зашто шансите да ве најдат или пронајдат се минимални, особено ако се случи ноќно време. Секогаш го имав тоа на ум, и кога бев напред на бродот бев врзан, со појаси за спасување, и си помислував, не дај боже да се случи нешто такво“, ја елаборира најголемата мачнина, која ја носел со себе, за време на авантурата.

Банкарот Пановски бил член на едриличарскиот клуб Менхетн од Њујорк. Пловел со едрилица во Ирското море, во Јадранското море - од Истра до Будва, но и во Јужна Италија, Сицилија. Без размислување, вели - пак, би го минал Атлантикот – повторно, само, со едра!

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG