Линкови за пристапност

Ненадејна, но позитивна средба меѓу Бојко Борисов и Бујар Османи


Средба Борисов - Османи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Средба Борисов - Османи

Османи, кој од софискиот аеродром замина за Швајцарија, потврди дека во моментот, фокусот е ставен на утврдување датум за одржување на седница на меѓувладината комисија.

Ненадејна, но позитивна средба – состанокот меѓу Бојко Борисов и Бујар Османи кој, според дипломатски извори на Гласот на Америка не бил планиран, внесе раздвижување во македонско-бугарските односи.

Денешното случајно среќавање меѓу бугарскиот премиер и шефот на македонската дипломатија на софискиот аеродром, од кој и произлезе средбата, даде сигнали кои може да се толкуваат како обид за подобрување на релациите. Борисов го „скрши мразот“ со пораката дека треба да следат преговори на разум и дека оваа шанса треба да се искористи.

Треба да седнеме и да ги надминеме сите противречности зашто не може да биде одложувано пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
Борисов, премиер на Бугарија


„Треба да седнеме и да ги надминеме сите противречности зашто не може да биде одложувано пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Оттука, и вие и ние да се подготвуваме за преговори на разум, а не на емоциите, за да можеме, а тоа е најважно и за Бугарија, нашите соседи, да се во ЕУ. Така што, тоа е нашата геостратешка цел и треба да најдеме политичка волја – и вие и ние и да ја завршиме таа работа. Во спротивност, идните поколенија нема да ни простат зашто сме пропуштиле една голема можност.“, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Османи, кој од софискиот аеродром замина за Швајцарија, потврди дека во моментот, фокусот е ставен на утврдување датум за одржување на седница на меѓувладината комисија.

Очекувам од ваша страна, но и од наша страна што поскоро да се усогласи терминот за тој состанок. Ако се врати довербата мислам дека полесно ќе можеме да разговараме за сите други прашања за кои имаме разлики.
Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија


„Би било добро таа комисија што порано да се одржи. Го договоривме акцискиот план, потребен е само извештај од Комисијата за историски прашања. Наш интерес е што поскоро да се сретне комисијата - да каже толку и толку е направено минатата година, толку ќе направиме следната година. Очекувам од ваша страна, но и од наша страна што поскоро да се усогласи терминот за тој состанок. Ако се врати довербата мислам дека полесно ќе можеме да разговараме за сите други прашања за кои имаме разлики.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

За ситуацијата со Бугарија и нејзината блокада денеска се разговарало во Луксембург – меѓу македонскиот и премиерот на Луксмебург. Според владата, Ксавиер Бетел му пренел на Заев дека смета дека за идентитетските прашања не може да се разговара бидејќи тие произлегуваат од правото на самоопределување и дека Северна Македонија го заслужува своето место во ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG