Линкови за пристапност

Борис Џонсон – нов премиер на Британија

Го порази Џереми Хант на партиско гласање во Конзервативната партија

Британската конзервативна партија објави дека Борис Џонсон победил на изборот за нов лидер и ќе биде иден премиер.

Џонсон го победи шефот на дипломатијата Џереми Хант на партиското гласање синоќа со 66% ЗА и 34 Против.

„Ќе ја обединиме земјата и ќе одиме напред“, истакна Џонсон пред партиските членови откако беше прогласен за победник.

Се заложи Британија да излезе од ЕУ до 31-ви октомври, да ја обедини земјата и да ги интензивира напорите за подобрување на образованието, инфраструктурата и статусот на полицијата.

Тој ќе ја замени премиерката Тереза Меј на Даунинг Стрит број 10 во среда, која се повлекува по неколкуте неуспешни обиди за Брегзит.

Џонсон е популистички поранешен министер за надворешни работи и градоначалник на Лондон. Тој изрази подготвеност Британија да ја напушти Унијата во предвидениот рок, без или со претходно постигнат договор со Брисел.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG