Линкови за пристапност

Трамп бара нови 8,6 милијарди долари за Ѕидот со Мексико


Лидерот на сенатските демократи Чак Шумер го означи предлогот на Трамп како „срамен буџет“ и „удар врз средната класа“.

Белата куќа објави план за буџетот во 2020-та од 4,7 трилиони долари, вклучувајќи го барањето од претседателот за дополнителни 8, 6 милијарди долари за неговиот проект за изградба на ѕидот со Мексико, чија идеја е да спречи илегална имиграција.

Планот на Трамп предвидува 5%-но зголемување на финансиите за Пентагон, но и 5%-но намалување на сите невоени програми на Одделот за одбрана. На удар се и популарните програми за здравствена заштита и пензии за постарите Американци.

Лидерот на сенатските демократи Чак Шумер го означи предлогот на Трамп како „срамен буџет“ и „удар врз средната класа“.

Заедно со спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, заеднички оценија дека чекорите на претседателот предизвикуваат проширен хаос, кога, како што кажаа, неодговорно ја затвори владата во обид да гради „скап и неефикасен ѕид“.

Конгресот одби да го финансира Ѕидот и претседателот беше принуден повторно да ја отвори владата. Демократите предупредуваат дека ќе се случи истата ситуација, ако се обиде повторно да инсистира на финансирање на Ѕидот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG