Линкови за пристапност

Потпишан договор за минување на границите меѓу Македонија и Србија со лична карта


Потпишан договор за минување на границите меѓу Македонија и Србија со лична карта
Потпишан договор за минување на границите меѓу Македонија и Србија со лична карта

Во Охрид се одржува Министерски форум за олеснување на движењето на жителите од регионот

Во организација на ресорните министерства за внатрешни работи и за правда и во соработка со полското Претседателство со ЕУ, денеска попладнето во Охрид започна дводневен „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“.

Учесници се над стотина претставници на 15 земји, министри и други високи гости кои ќе дискутираат на темите од областа на внатрешните работи. Предвидени се и работни сесии посветени на визната либерализација, за миграциските прашања, вклучувајќи ја илегалната миграција, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со ФРОНТЕЏ, борбата против организираниот криминал, вклучувајќи ја трговијата со луѓе и унапредувањето на соработката со ЕУРОПОЛ, како и борбата против корупцијата.

Во рамки на Форумот, денеска министерката за внатрешни работи на Република Македонијна Гордана Јанкулоска, потпиша договор за соработка измегу двете земји со косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи, додека со нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ - „Спогодба меѓу Република Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за условите за патување на државјаните на двете земји“. Овој значаен документ ќе овозможи паминување на државната граница со биометриски лични карти. Договорот на сила ќе стапи по ратификација од страна на парламентите, што ќе им гарантира на граѓаните македонско-српската граница да ја минуваат само со биометриска лична карта.

Суштината на денеска потпишаниот македонско - косовски договор е заедничката контрола и надзор на границата, како и конституирање на Центар за размена на информации. На заедничката прес конференција на Јанкулоска и Реџепи, македонската министерка изјави дека Македонија е отворена за разговор за вакви договори и со други земји, кои ги исполнуваат безбедносните стандарди и во смисла на контрола на границата и безбедност на документите, а во тој контекст и со Косово, со која држава, според оценката на Јанкулоска, соработката се одвива на исклучително високо ниво.

И косовскиот министер Реџепи кажа дека прашањето било отворено на претходните средби со Јанкуловска, но за тоа треба да се создадат одредени предуслови, пред се, од косовска страна. Претходно мораме да дојдеме до биометриски пасоши, што скоро ќе започне, но и лични карти, за штѕо на косово ќе се почека барем уште една година, нагласи Реџепи.

Министерката Јанкулоска на форумот во Охрид треба да оствари средба со еврокомесарот Сесилија Малстром, присутна на собирот, како и со директорот на Европол Роберт Веинрајт.

Утре, на вториот ден од форумот ќе бидат претресени прашања од областа на правдата, а на нив ќе се дискутира за независноста на судството и обвинителството, правната соработка во кривични и граѓански спорови; како и унапредување на соработката со ЕУРОЈУСТ.

Завршницата на „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан“ ќе биде одвоена за презентација на приоритетите во областа на внатрешните работи и правда на претстојното Данско и Кипарско претседателство со ЕУ.

XS
SM
MD
LG