Линкови за пристапност

Уапсен осомничен за напад во Њујорк


Уапсен осомничен за напад во Њујорк
Уапсен осомничен за напад во Њујорк

27-годишниот Хозе Пиментел обвинет дека планирал напади врз пошти, полициски возила и војници.

Полицијата во Њујорк го уапси 27-годишниот Хозе Пиментел, обвинет дека планирал напади врз пошти, полициски возила и војници од Њујорк кои се враќале од операциите во Ирак и Авганистан.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг соопшти дека Пиментел бил инспириран од Ал-Каида, но дека дејствувал самостојно и не бил дел од поголем заговор.

Според командирот на њујоршката полиција Рејмонд Кели, кога бил уапсен во саботата, тој веќе започнал со изработка на три бомби за нападите.

Пиментел е обвинет за планирање да создаде бомби за терористички цели и за поседување на средства за кампања на насилство.

Адвокатот на Пиментел неделата пред судијата кажа дека случајот е „обид во погрешна насока“.

Властите соопштија и дека Пиментел, по потекло од Доминиканската Република, е американски државјанин кој се свртил кон исламот и станал следбеник на радикалниот свештеник Анвар ал-Авлаки, убиен годинава во американски воздушен напад во Јемен.

XS
SM
MD
LG