Правда достапна и отворена за сите, тоа како што уверува новиот министер за правда ќе биде негова цел. Бојан Маричиќ, на првата прес-конференција како министер, најави амбициозна програма во која приоритет ќе бидат длабоки и суштински реформи во судството. Ќе се почне со прочистување во правосудните органи, а моделот како тоа ќе се прави ќе се утврди во првите 100 дена од мандатот. Процесот ќе опфати проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, детална проверка на нивната работа, како и ревизија на 5 проценти од важните предмети...
Немаме илузија дека за неколку месеци ќе бидат проверени сите тие предмети, но важно е да имаме динамикаБојан Маричиќ, министер за правда
„Немаме илузија дека за неколку месеци ќе бидат проверени сите тие предмети, но важно е да имаме динамика што ќе дава резултати и после одредено време ќе ги изведе сите системски слабости, за да можеме да ги подобриме затоа што крајната цел е да имаме ефикасно судство.“, вели Бојан Маричиќ, министер за правда.
Се планира кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата, зголемување на бројот на стручни соработници. Законите во голем дел се донесени, сега според Маричиќ време е да се имплементираат.
Не смее да има недопирливи пред законитеБојан Маричиќ
„Моја надлежност како министер е да ја вратам надежта на граѓаните во системот, во правосудството „Не смее да има недопирливи пред законите. Кога граѓаните ќе веруваат во одлуките на судовите и обвинителствата и кога тие вистински ќе ја остварат својата независност, тогаш тие подобро ќе може да ја контролираат извршната власт и ќе може да воспостават еднаквост пред законот.“, коментира Бојан Маричиќ, министер за правда.
Најавените реформи доаѓаат во значаен период, во пресрет на стартот на преговорите со ЕУ кои почнуваат токму со поглавјата 23 и 24 – судски и основни права, правда и слободи... Во последниот извештај на Европската комисија за земјава се нотира напредок во однос на владеењето на правото, но се бараат и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди за предмети за корупција вклучувајќи ги и оние на високо ниво...
Facebook Forum