Линкови за пристапност

Боинг привремено го запре производството на моделот 737 МАХ


Компанијата Боинг, која го произведува моделот јужно од Сиетл, наведува дека нема да отпушти никој од 12.000 вработени.

Американската авио-компанијата Боинг денес објави дека привремено ќе го прекине производството на авионите 737 MAX во јануари следната година, за прв пат по повеќе од 20 години.

Одлуката следува откако Федералната управа за воздухопловство (ФАА) одби да го одобри враќањето на авионите во употреба по двете несреќи во Индонезија и Етиопија, во кои загинаа 346 луѓе.

Компанијата Боинг, која го произведува моделот 737 јужно од Сиетл, наведува дека нема да отпушти никој од 12.000 вработени за време на замрзнување на производството.

Акциите на берзите на Боинг паднаа за 4, 3 проценти и се продаваа по 327 долари за една акција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG