Линкови за пристапност

Почина Боб Дол, еден од најистакнатите политички прагматичари во Вашингтон


Беше партиска номинација за потпретседател во 1976-та  две децении подоцна беше претседателски кандидат, но загуби од демократот Бил Клинтон.

Боб Дол, кој беше тешко повреден американски војник на бојно поле за време на Втората светска војна и кој подоцна стана икона на американската политичка сцена почина синоќа на 98-годишна возраст.

Дол, кој потекнуваше од Канзас, и го претставуваше во Сенатот 27 години, и стаса до влијателен лидер на републиканското мнозинство во тоа време од кариерата.

Беше партиска номинација за потпретседател во 1976-та две децении подоцна беше претседателски кандидат, но загуби од демократот Бил Клинтон.

Во последните годни од животот, Дол беше персонификација на храброста на генерацијата која војуваше во Втората светска војна. Организираше донаторски средби за собирање пари за изградба на Споменикот на Втората светска војна на националното шеталиште во Вашингтон.

Објави автобиографија „Приказната за еден војник“.

Во политичкиот живот Доле важеше за конзервативен Републиканец, но повеќе од три децении беше меѓу врвот на партијата. Во политичките кулоари на Вашингтон, важеше за политички прагматичар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG