САД и Колумбија одржуваат разговори на високо ниво во време кога државниот секретар Антони Блинкен ја завршува посетата на регионот, при што во фокусот е вклучена имиграционата политика и одржувањето на демократските процеси.
Блинкен по средбата со колумбискиот претседател Иван Дуке изјави дека двете држави имаат многу области на потенцијална соработка, вклучувајќи ги и сферите во информатичката и здравствена технологија, како и земјоделството.
Тој истакна дека таквата соработката ќе биде меѓу темите за дијалогот на високо ниво меѓу САД и Колумбија.
САД бараат од државите на западната хемисфера да преземат чекори кон справување со итните предизвици како нелегалната миграција која се одразува врз легалната миграциски процес во САД.
Блинкен на регионалниот министерски состанок во Богота одржа средби со десетина официјални лица од земјите од Јужна Америка.
Facebook Forum