Линкови за пристапност

Опаѓа наталитетот во САД


Опаѓа наталитетот во САД
Опаѓа наталитетот во САД

Во 2010-а се родиле 4 милиони бебиња, во 2007-ма - над 4,3.

Наталитетот во САД е во опаѓање трета година по ред, а стапката кај најмладите мајки е на рекордно ниско ниво, наведуваат здравствени лица.

Во 2010-та на свет дошле само нешто над четири милиони бебиња, за разлика од 2007ма, кога бројката изнесувала над 4,3 милиони, што е рекорден број во историјата на земјата. Наталитетот опаѓа кај повеќето старосни групи и жените од сите раси.

Намалувањето на наталитетот е најмногу забележливо кај тинејџерите - пад од 9% на ниво од 34 породувања на 1.000 жени. Нивото на наталитет кај мајките на возраст во раните 20-ти години е намален за 6%. Стапката кај овие две групи заедно е најмала во историјата на САД.

Наталитетот пораснал само кај жените во раните 40-ти години, на 10 породувања на 1.000 жени.

Популационите стручњаци веруваат дека намалувањето на наталитетот изминативе години, особено меѓу младите жени, се должи на забавената економија. Многу брачни парови стравуваат за сигурноста на своите работни места и дали ќе имаат доволно средства за издржување на децата.

XS
SM
MD
LG