Линкови за пристапност

Брнс на Балканот


Брнс на Балканот
Брнс на Балканот

Американскиот заменик-државен секретар од 16-ти до 20-ти февруари во посети на Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска.

Американскиот заменик-државен секретар Бил Брнс од 16-ти до 20-ти февруари ќе ги посети Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска на разговори за билатерални и регионални прашања.

Брнс ќе ја подвлече американската заложба за земјите од Западниот Балкан и натамошната поддршка за нивните евроатлантски аспирации, стои во соопштението на Стејт департментот. Заменикот на Хилари Клинтон ќе поттикне и на поголема регионална соработка и ќе ја потенцира потребата раководствата на балканските земји да се справат со клучните прашања како владеењето на правото и економскиот развој.

Брнс претходно ќе престојува во Австрија, каде ќе учествува на меѓународна конференција во Виена за регионалните и авганистански контранаркотички операции.

XS
SM
MD
LG