Линкови за пристапност

Бил Козби по излегувањето од затвор: Ја задржав невиноста и покрај обвинувањата


Во 2018-та, Козби доби казна затвор од 3 до 10 години врз база на сведоштво од 2005-та во граѓанска тужба против него од Андреа Констанд, која го обвини за сексуален напад откако и дал седатив без нејзино знаење.

Американскиот комедијант, Бил Козби во првото соопштение откако беше ослободен од затвор по одлуката на Врховниот суд во Пенсилванија, изјави дека никогаш не ја сменил приказната и отсекогаш ја задржал невиноста по сите обвиненија.

На својот профил на Твитер, Козби напипа: „Им се заблагодарувам на сите мои обожаватели и пријатели кои беа зад мене низ целиот судски процес. Особено му се заблагодарувам на Врховниот суд на Пенсилванија за доследно практикување на законот“.

Во 2018-та, Козби доби казна затвор од 3 до 10 години врз база на сведоштво од 2005-та во граѓанска тужба против него од Андреа Констанд, која го обвини за сексуален напад откако и дал седатив без нејзино знаење.

83-годишниот Козби се врати во областа на Пенсилванија во неговата куќа, неколку часа откако Судот го ослободи од обвинувањата.

Против популарниот Козби имаше десетина обвинувања од разни личноста за сексуални испади од него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG