Линкови за пристапност

Бајден во ОН ќе промовира поддршка за мултилатеризам


Ваквиот пристап е целосна спротивност од доктрината на претходникот Доналд Трамп, за „Најпрво Америка“.

Во првото обраќање како шеф на држава на Генералното собрание на ОН, претседателот Џо Бајден ќе промовира мултилатеризам, дипломатија со поглед кон светот, според официјални лица од администрацијата.

„Ова е важна и значајна недела за Џо Бајден и негово лидерство на светската сцена при што треба да ги истакне клучните приоритети за американската национална безбедност и ширење на мирот и просперитетот во светот, истакна виш официјален претставник од администрацијата.

Ваквиот пристап е целосна спротивност од доктрината на претходникот Доналд Трамп, за „Најпрво Америка“.

Бајден отпатува за Њујорк синоќа да се сретне со околу 100 шефови на држави во седиштето на ОН.

По говорот, тој ќе има средби со австралискиот премиер Скот Морисон, а подоцна ќе го прими и британскиот премиер Борис Џонсон на разговори во Белата куќа.

Од седиштето на ОН, Бајден ќе се осврне за контроверзната одлука да ги повлече војниците од Авганистан, за како што рече е дел од фокусот за надминување на предизвикот со Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG