Линкови за пристапност

Бајден се среќава со сојузниците во Велика Британија


Бајден, кој има ирско потекло, е загрижен дека Брегзит може да му го поткопа Договорот за Велики Петок од 1998-ма, кој беше постигнат со посредништво на САД, а кој донесе мир во Северна Ирска.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се среќава со британскиот премиер Борис Џонсон на европското патување што вклучува средби со виши западни лидери, како и рускиот претседател Владимир Путин.

Светот ја очекува првата средба меѓу Бајден и Џонсон со оглед на меѓусебните несогласувања поврзани со Брегзит, одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, за што администрацијата Обама-Бајден се противеше.

„Тие немаа добра хемија. Претседателот Бајден го нарече Борис Џонсон - клон на Доналд Трамп“, изјави Дан Хамилтон, директор на програмата за Глобална Европа при центарот Вилсон.

Бајден, кој има ирско потекло, е загрижен дека Брегзит може да му го поткопа Договорот за Велики Петок од 1998-ма, кој беше постигнат со посредништво на САД, а кој донесе мир во Северна Ирска.

Бајден ја започна синоќа посетата на Велика Британија со обраќање до американските војници стационирани во воздушната база Мидлхал во Суфолк.

Тој ќе присуствува на Самитот на Г-7, а следната недела на агендата има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG