Линкови за пристапност

Бајден со лидерите на Канада и Мексико на Трилатерален самит во Белата куќа


„Расположението дека САД и Мексико не прават доволно за безбедноста, веројатно ќе предизвика различни мислења од лидерите“, најави Рајан Берг, виш претставник на програмата за Јужна и Северна Америка при Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Лидерите на САД, Канада и Мексико се среќаваат на првиот трилатерален самит во пет години, при што ќе дискутираат за долгорочните предизвици како климатските промени, миграцијата, економската конкурентност, како и новите предизвици поврзани со пандемијата со Ковид-19.

Канадскиот премиер Џастин Трудо и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор се среќаваат со претседателот Бајден во Белата куќа.

„Ова е кулминација на 10-месечната макотрпна работа за ревитализирање на Северноамериканската платформа за домашни и економски прашања, како и партнерство кое игра клучна улога во регионалните и глобални предизвици“, објави заменикот портпаролот на Белата куќа Крис Мегнер.

Главни предизвици - миграцијата, Куба и конкурентноста на пазарот

Таканаречените „три амигоси“ ќе се соочат со многу разлики. Откако ја презема функцијата, Бајден го поништи Протоколот за заштита на мигрантите од ерата на Трамп, познат како програма „За останување во Мексико“, но Тексас и Мисури успешно ја тужеа федералната влада да ја рестартира програмата. Тоа најверојатно ќе се случи во следните недели.

„Расположението дека САД и Мексико не прават доволно за безбедноста, веројатно ќе предизвика различни мислења од лидерите“, најави Рајан Берг, виш претставник на програмата за Јужна и Северна Америка при Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Исто така и политиките на Вашингтон за економските текови и климатските промени ќе предизвикаат негодување кај канадската страна. Трудо најави дека планира да го истакне негодувањето за програмата на Бајден – „Купувајте американски производи„ која официјална Отава ја гледа како протекционистички елемент.

Нема сомневање дека се уште има прашања за кои има разидувања во билатералните односи, како синџирот за снабдување и прашањето на нафтоводот Кистоун Икс-Ел, кој администрацијата на Бајден го запре по преземањето на Белата куќа.

Теми што ги

надминуваат националните граници

Тројцата лидери веројатно ќе дискутираат за прашања кои имаат глобален фокус, и ги надминуваат нивните национални граници, како неодамнешните протести во Куба, како и економската блокада на Островот, за која Бајден и Лопез Обрадор имаат спротивни мислења.

Нема да биде изоставено ниту прашањето кое Бајден го опиша како „фалсификувани избори“ во Никарагва, при што Даниел Оргета обезбеди четврти последователен мандат во оваа нација од Централна Америка.

„Изразуваме загриженост за неодамнешниот развој на настаните во Никарагва со Даниел Оргета, каде притворањето на политички затвореници водеше до лажирање на гласањето во Никарагва. Ќе има и други теми кои ќе бидат на врвот од агендата, значајни за американско-мексиканската соработка, како и со Канада“, изјави Директорот за Јужна Америка во Атлантски совет Адриан Лашт.

„Можеби нема да биде постигнат договор, но битна е комуникацијата, особено приватните разговори, каде ќе може да ги слушнат меѓусебните перспективи за да се обидат да најдат заеднички став за некое проблематично прашање, вели Лашт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG