Поранешниот потпретседател Џо Бајден оствари убедливи победи на демократските прелиминарни гласања во Флорида, Илиноис и Аризона врз сенаторот на Вермонт Берни Сандерс.
Со пребројувањето на речиси сите гласови во Флорида, сојузната држава гласаше со 62% за Бајден и 23% за Сандерс. Сличен резултат беше остварен и во Илиноис, 59% за Бајден, 39% за Сандерс. Во Аризона беше потесен резултатот - 42%, спрема 30%.
Заклучно со денес, Бајден во неговиот трет обид да стане претседател во долгата политичка кариера од три децении, досега победил во 19 од последните 24 примарни гласања врз Берни Сандерс, самонаречен демократски социјалист кој се заложи за социјална и економска револуција, вклучувајќи и коренити реформи на американскиот здравствен систем.
Бајден, поранешен потпретседател во двата мандати на претседателот Барак Обама, меѓу гласачите ја истакнува неговата заложба за враќање на стабилноста и пристојноста во Белата куќа и бара практични решенија за проблемите отколку драматични револуционери програми за кои Сандерс и неговите прогресивни истомисленици се залагаат.
Бајден се огласи до неговиот дом во Делавер и рече дека можеби со Сандерс им несогласувања за тактиките, но двајцата споделуваат исти заложби за достапна здравствена нега, намалување на нееднаквоста во примањата и борбата против климатските промени.
По синоќешните победи, Бајден води во трката за освојување неопходни делегати за партиска номинација во јули.
Трамп во 2016-та, со тесен резултат ја освои клучната сојузна држава Флорида врз поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Пред гласањето во вторникот, Бајден имаше водство од 898 наспроти 745 делегати врз Сандерс.
Неопходно е освојување на најмалку 1991 делегат за освојување демократска номинација за соочување со претседателот Трамп на изборите во ноември.
Facebook Forum