Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија веќе се меша во делумните конгресни избори следната година.
„На денешниот дневен брифинг со претседателот, бев информиран дека Русија веќе се меша во изборите 2022 со ширење дезинформации. Тоа е кршење на нашиот суверенитет. Тоа се случува. Се повеќе луѓе се информираат преку Интернет отколку од било кој друг извор“ изјави Џо Бајден.
За време на средбата со претставници од домашната разузнавачката заедница, Бајден изрази предвидување за кибернетските напади, чија мета се САД.
„Има зголемување на кибернетски закани вклучувајќи и кибернетски напади за изнудување откуп, коишто може да предизвикаат штета во реалност свет. Не можам да ветам ништо, но ќе има последици од евентуална кибернетска војна“, изјави првиот човек на САД.
Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин поседува „нуклеарно оружје, нафтени резерви и ништо друго“, и додаде дека рускиот лидер знае дека е во „економска неволја, која што го прави уште поопасен“.
Facebook Forum