Линкови за пристапност

Северна Македонија: Извршната наредба на претседателот Бајден е знак дека Вашингтон се враќа на Балканот


Со извршната наредба, САД се враќаат на Балканот - реакции
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Со извршната наредба, САД се враќаат на Балканот - реакции

Одлуката на Бајден стана главна тема на расправа меѓу мнозинството и опозицијата во Собранието.

Анализите во Скопје се дека извршната наредба на претседателот Бајден со која меѓу другото се опфаќа и Преспанскиот договор е знак дека Вашингтон се враќа на Балканот и дека намерата на САД е да бидат активно инволвирани во регионот.

Во потегот на Белата Куќа со кој ќе се санкционираат и оние кои се против Договорот со Грција, но и лицата кои работат на подривање на регионалната стабилност и се инволвирани во коруптивни активности, шефицата на одбраната, гледа две јасни пораки.

Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион.
Шекеринска, министерка за одбрана


„Договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата. Сите нив, меѓу кои и Преспанскиот договор, САД ги доживуваат, ги толкуваат и ги сметаат за гаранција за безбедноста и стабилноста на овој регион. Втората порака е дека не е доволно само да ги решавате политичките проблеми, туку дека од сите земји во поширокиот регион очекуваат силна борба против корупцијата.“, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Северна Македонија.

Слична е позицијата и на „Советот на амбасадори“ – ова тело составено од поранешни министри и амбасадори ги поддржува заклучоците во наредбата дека во регионот има широко распространета корупција која го забавува напредокот. Советот ја поздравува определеноста на САД да се санкционираат оние кои се против Преспанскиот и Охридскиот договор и се закана за стабилноста на Балканот.

Одлуката на Бајден стана главна тема на расправа меѓу мнозинството и опозицијата во Собранието.

Изјавите на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија и натаму останува против Договорот од Преспа значи вртење грб на граѓаните, но и на нашиот најголем стратешки пријател САД, на нашите сојузници во НАТО
Костадинов, СДСМ


„Одлуката на Претседателот на САД, Џо Бајден испраќа на јасен сигнал од страна на Соединетите Американски Држави, кои се интересите на САД во овој регион и на кој начин ќе се заштитат. Изјавите на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија и натаму останува против Договорот од Преспа значи вртење грб на граѓаните, но и на нашиот најголем стратешки пријател САД, на нашите сојузници во НАТО“, изјави Костадин Костадинов, СДСМ.

Ние сме на страната на граѓаните и нивната волја изразена на референдумот.
Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ


„Ние сме на страната на граѓаните и нивната волја изразена на референдумот. Ние имаме задача да ги штитиме националните и државните интереси и ја поддржуваме борбата со криминалот и корупција.“, оцени Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Намерата на Вашингтон за конечно стабилизирање на регионот е тесно поврзана со процесот на евроинтеграција кој актуелната американска администрација го смета за клучен елемент. За проширувањето се зборувало и на маргините на денешниот Самит на Западен Балкан во Тирана каде главна тема беше економскиот и инвестициски план на Унијата во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG