Линкови за пристапност

Претседателот Бајден го честиташе Денот на независноста, 8-ми септември


Американскиот претседател го нотира зачленувањето на Северна Македонија во НАТО како 30 членка и се заблагодарува за одржувањето на мултинационалната вежба „Решителен удар 21“ во „Криволак“.

Претседателот Бајден го честиташе Денот на независноста, 8-ми септември

Претседателот на Соединетите Американски Држави го честиташе 8-ми Септември, Денот на независноста. Во писмото на Џо Бајден до македонскиот претседател Стево Пендаровски се вели:

„Во име на американскиот народ, го честитам Денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.“

Американскиот претседател го нотира зачленувањето на Северна Македонија во НАТО како 30 членка и се заблагодарува за одржувањето на мултинационалната вежба „Решителен удар 21“ во „Криволак“.

„Како што Вашата земја продолжува да напредува - зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции - САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија. Ви посакувам безбеден и среќен Ден на независноста и Ви благодарам за Вашето долгогодишно пријателство“, пишува во писмото на претседателот Бајден до претседателот Пендаровски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG