Доналд Трамп имаше пристап кон Северна Кореја со закани од „оган и бес“, самитот за ТВ камерите со Ким Јонг ун.
За Барак Обама, тоа беше „стратешка трпеливост“, кој се обиде со воени и економски притисок да го убеди Пјонгјанг да се врати на разговорите.
Актуелниот претседател Џо Бајден се обидува, како што велат официјални лица, да ја најде средината од пристапите од неговите претходници, коишто не успеаја да ги постигнат американските цели.
Официјален претставник од Белата куќа минатата недела претстави посеопфатна стратегија на Бајден кон Северна Кореја, по долгомесечни фази на внатрешно разгледување на актуелната состојба.
Според планот на Бајден, САД ќе го задржат притисокот врз Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје, но веројатно ќе бара разговори, и спогодби, за да ја постигне целта.
https://twitter.com/GalloVOA/status/1388188301174083586]]
Facebook Forum