Линкови за пристапност

Бајден номинираше ветеран од ирачката војна за секретар за одбрана


FILE - In this Oct. 17, 2014 file photo, Army Gen. Lloyd J. Austin III, commander of U.S. Central Command is seen at the Pentagon.
FILE - In this Oct. 17, 2014 file photo, Army Gen. Lloyd J. Austin III, commander of U.S. Central Command is seen at the Pentagon.

Тој ќе биде првиот Афроамериканец на оваа позиција ако биде потврден во Сенатот.

Пензионираниот армиски генерал Лојд Остин се враќа во Пентагон во време кога новоизбраниот претседаел Џо Бајден го избра да служи како иден секретар за одбрана.

Тој ќе биде првиот Афроамериканец на оваа позиција ако биде потврден во Сенатот.

Роден во 1953-та во Алабама, растел во соседна Џорџиа, Лојд дипломирал од престижната армиска академија Вест Поинт во 1975-та.

Бил командант на американските копнени сили во Ирак од 2010-та до 2011-та, каде бил одговорен за крајот на инвазијата на сојузничките сили, предводени од САД, и за повлекувањето на сите трупи од оваа земја.

Стекнал доверба за интелектуалните и лидерски вештини и меѓу военото и цивилно лидерство во нацијата.

Поранешниот претседател Барака Обама го опиша како „карактер и компетентност, што ги илустрира барањата од Америка од нејзините армиски лидери“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG