Линкови за пристапност

Новоизбраниот претседател Бајден продолжува со номинации во Кабинетот за време на транзицијата


Вилсак се враќа во Одделот за земјоделство

Американските новински агенции пренесоа дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја номинира демократската конгресменка Марша Фаџ на чело со Одделот за домување и урбан развој.

Бајден ќе го номинира Том Вилсак на чело со Одделот за земјоделство, функцијата која ја извршуваше осум години под мандатот на претседателот Обама, кога Бајден беше потпретседател.

Вилсак е поранешен гувернер од средозападната сојузна држава Ајова, една од најважните земјоделски сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG