Линкови за пристапност

Бајден и Меркел не се согласуваат за рускиот гасовод


Бајден рече дека САД и Германија ќе разгледуваат практични мерки кои што може да бидат преземени ако украинската енергетска безбедност е ослабена и под ризик.

„Добрите пријатели може да не се согласуваат“, изјави американскиот претседател Џо Бајден заедно со германската канцеларка Ангела Меркел во време кога двајцата лидери одговараа прашања за нивните разлики за контроверзниот руски гасоводот за природен гас.

Бајден рече дека САД и Германија ќе разгледуваат практични мерки кои што може да бидат преземени ако украинската енергетска безбедност е ослабена и под ризик.

11 милијарди долари гасоводот Северен проток 2 е во финалната фаза, и ќе ѝ овозможи на Германија да го удвои количеството на гас коешто го увезува од Русија. Но, гасоводот ја заобиколува Украина, и го оневозможува Киев да биде исплаќан за транзитно минување на гасот на негова територија.

Бајден рече дека со Меркел се согласиле дека на Русија не смее да ѝ биде дозволено да ја користи енергијата како алатка за закани врз соседите.

Меркел по средбата во Белата куќа рече дека „имаме различни позиции за одредени проекти со САД, но нашата идеја и натаму останува иста Украина да остане транзитна земја за гасот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG