Линкови за пристапност

Бајден со советници за имиграцијата бара одговор за бранот мигранти на јужната граница


Бајден ги повика мигрантите да останат дома, но, илјадници минуваат стотици километри да стасаат до мексиканско-американската граница.

Претседателот на САД се среќава со советници за имиграциони прашања и виши членови од неговиот Кабинет во обид да се најде решение за напливот на мигранти од Централна Америка коишто доаѓаат од Мексико на југозападната граница со САД.

Џо Бајден се најде под зголемена критика од републиканците, но и некои демократи во Конгресот за да одговори што прави за бранот мигранти од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор коишто од Мексико одат масовно, во правец на САД.

Бајден ги повика мигрантите да останат дома, но, илјадници минуваат стотици километри да стасаат до мексиканско-американската граница.

Тој најави повеќе одговори за кризата со мигрантите на првата формална прес-конференција од почетокот на мандатот, закажана за денеска.

САД во моментов ги протеруваат возрасните и семејствата назад во Мексико, но ги прифаќаат и ги сместуваат во прифатни Центри, по повеќе од 500 деца – малолетници дневно, кои непридружувани пристигнуваат на јужната граница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG