Линкови за пристапност

Бајден: Соработката меѓу САД и Јапонија е суштинска


Во говор во американско-јапонскиот совет во Вашингтон, Бајден рече дека односите со Пекинг администрацијата на претседателот Обама мора да ги постави на добра основа

Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека Јапонија е клучен играч во процесот на подобрување на врските меѓу САД и Кина.

Во говор во американско-јапонскиот совет во Вашингтон, Бајден рече дека односите со Пекинг администрацијата на претседателот Обама мора да ги постави на добра основа. Тој во понеделник кажа дека не знае друг пат за тоа освен преку Јапонија.

Тој ја окарактеризира Јапонија како главен партнер во многу глобални прашања, вклучувајќи транспорт, чиста енергија и образование. Тој додаде дека американско-јапонската соработка се базира на заеднички збир на вредности, глобален пристап и заеднички интерес.

Бајден рече дека Вашингтон и Токио работат заедно против нуклеарната пролиферација во Иран и корејскиот полуостров, како и во поддршката на напорите за доставување помош за погодените од поплавите во Пакистан. Потпретседателот на САД рече дека јапонската поддршка во Авганистан е битна во помошта за обезбедување плати за полицајците и реинтегрирање на поранешните борци.

XS
SM
MD
LG