Американскиот претседател Џо Бајден понуди „18 месечно прибежиште“ за илјадници жители од Хонг Конг да останат да живеат во САД отколку да се принудат да бидат депортирани на територијата којашто е под контрола на Кина.
Бајден се осврна на 14-месечното згаснување на демократијата во Хонг Конг и оти е во согласност со интересите во надворешната политика на САД да им се дозволи на жителите од Хонг Конг да живеат и работат во САД.
Во соопштение од кинеското министерство за надворешни работи со седиште во Хонг Конг се вели дека “нудењето таканаречено безбедно прибежиште има цел да се оцрни Кина и да се уништат мерките за просперитет и безбедност на градот“, пренесе Ројтерс.
Нема прецизна бројка, но виш претставник од администрацијата на Бајден истакна дека околу 330.000 жители од Хонг Конг живеат и во САД, најверојатно ќе можат да останат во земјата, освен лицата кои извршиле тешки кривични дела.
Facebook Forum