Линкови за пристапност

Бајден се заложи дека ќе продолжи да ја соочува Кина за опијатите во САД


За време на средба со граѓаните во Синсинати, организирана од Си-Ен-Ен, Бајден изјави дека неговата администрација се соочува со „целосен спектар на опијати“, со што значително го зголеми бројот на вработени во Одделот за правда, да работат на прашањето.

Претседателот Бајден изјави дека ќе продолжи да „ја соочува Кина“, во обидот да се спречи транспортот на опасни дроги, кои илегално се криумчарени во САД преку Мексико.

За време на средба со граѓаните во Синсинати, организирана од Си-Ен-Ен, Бајден изјави дека неговата администрација се соочува со „целосен спектар на опијати“, со што значително го зголеми бројот на вработени во Одделот за правда, да работат на прашањето.

Фентанолот се смета дека е 50 до 100 пати посилен од хероинот. Здравствената криза во Америка ја предизвикуваат синтетичките опијати, особено фентанолот, кој честопати беше посочен од претходникот на Бајден, Трамп.

Поранешниот претседател неколкупати ја критикуваше Кина, која важи за главен извозник од фентанол или состојките за него, во Мексико, од каде картелите го шверцуваат во САД.

Ова беше трета посета на Бајден во Охајо во првите шест месеци од претседателството, при што се осврна на загриженост на тамошните жители, како поправките на мостовите по автопатиштата до битката со прекумерната тежина меѓу децата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG