Линкови за пристапност

Бајден во посета на Монголија


Бајден во посета на Монголија

Фокусоот на разговорите е поттикнување на трговијата и демократијата во земјата

Американскиот потпретседател Џо Бајден ја поздрави транзицијата на Монголија кон демократско уредување за време на еднодневната посета на оваа земја, а фокусот на разговорите беше поблиска економска и одбрамбена соработка.

Бајден пристигна во Улан Батор по петдневната посета на Кина. Тој е првиот американски потпретседател кој ја посетил Монголија од 1944-та година, наваму.

Бајден и` се заблагодари на земјата за нејзиниот придонес во воените операции во Ирак и Авганистан, како и во други мировни мисии.

Претседателот на Монголија Такија Елбегдорј беше во официјална посета на Вашингтон во јуни.

Покрај главно срдечниот прием во оваа земја, делегацијата на Бајден ја дочека и мала група демонстранти со плакати – „Држете се настрана од Монголија.“

Џо Бајден подвлече дека САД станале „многу поблиски“ со Монголија откако земјата станала повеќепартиска демократија во раните 1990-ти години.

Следна станица на американскиот потпретседател ќе биде Јапонија.

XS
SM
MD
LG