Линкови за пристапност

Официјални лица најавија дека Бајден се подготвува да го признае геноцидот врз Ерменците


За време на кампањата за претседател лани, Бајден рече дека ќе поддржи „резолуција којашто ќе го признае геноцидот врз Ерменците и ќе ги направи универзалните човекови права врвен приоритет“.

Официјални лица најавија дека претседателот Џо Бајден се подготвува да го признае масовното убиство од Првата светска војна врз Ерменци од страна на Отоманската Империја како геноцид.

Официјалните лица коишто зборуваа со неколку новински агенции, но поради чувствителноста на тематиката сакаа да останата анонимни, изјавија дека потегот би можел да се случи в сабота, на годишниот Ден на сеќавање на жртвите.

За време на кампањата за претседател лани, Бајден рече дека ќе поддржи „резолуција којашто ќе го признае геноцидот врз Ерменците и ќе ги направи универзалните човекови права врвен приоритет“.

Во писмо во средата, меѓупартиска група од 100 членови од Претставничкиот дом го повикаа Бајден да стане прв американски претседател што ќе го признае масовното убиство од Отоманите, како геноцид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG