Линкови за пристапност

Бајден го запре барањето нафтени извори на Алјаска


Ваквата објава е голем удар врз долгогодишните обиди од нафтените компании да бараат извори со нафта во чувствителна територија.

Администрацијата на претседателот Бајден објави дека ги стопира сите активности за дупчење нафта во басенот околу Арктичкиот природен резерват, при што ја поништи одлуката од претходникот Доналд Трамп.

Одделот за внатрешни работи ги информираше компаниите да ги зaмрзнат активностите на терен, по содржајниот извештај за состојбата со животната средина кои треба да одредат кои области и зони ќе се водат како заштитени.

Ваквата објава е голем удар врз долгогодишните обиди од нафтените компании да бараат извори со нафта во чувствителна територија.

Трамп откако ги загуби изборите во ноември распиша јавен конкурс за најмување фирми каде ќе дупчат во области каде има потенцијал од нафта.

Се работеше за површина од 1,6 милиони хектари, а на аукција беа доделени 11 коти. Девет од нив и беа доделени на Компанијата за индустриски развој на Алјаска, а останатите две на помали фирми.

Бајден уште за време на кампањата за претседател вети дека ќе ги заштити Природните резервати на Алјаска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG