Со синоќешната најава од американскиот претседател Џо Бајден дека неговата администрација ќе донира 500 милиони дози од вакцината на Фајзер против коронавирусот за 92 земји со ниски или средни примања, САД се обидуваат да ја сменат репутацијата за недоволно доставување вакцини во меѓународните програми и до сиромашните земји.
Бајден ова го најава на ден пред одржувањето на Самиот на Г-7 во Велика Британија. Ваквата најава треба да ги поттикне и другите богати нации да го сторат истото.
Според Белата куќа, половина од една милијарда дози од Фајзер ќе бидат доставени до јуни следата година, вклучувајќи и 200 милиони дози до крајот на 2021.
Преку програмата КОВАКС на ОН, САД веќе учествуваат со доставување на 80 милиони дози до крајот на јуни.
САД одделија веќе две милијарди долари за програмата КОВАКС на ОН.
Facebook Forum