Обвинувањата за изнудување и уцена од најбогатиот човек во светот против најпознатиот весник од жолтиот печат дека ги минал правните граници за слободите на печатот заштитени со Првиот амандман од Уставот на САД.
Џеф Безос, најбогат човек во светот, кој што е сопственик на Амазон и на Вашингтон пост, неодамна тврдеше дека издавачите на National Enquirer се заканувале дека ќе објават интимни фотографии од Бесос доколку не ја запре истрагата за агресивното медиумско покривање на неговиот развод.
Основачот на Амазон, чие богатство изнесува околу 136 милијарди долари, изјави дека „не би штедел ништо“ за истрага како таблоидот National Enquirer стасал до приватни телефонски пораки кои што биле објавени во приказната за наводна афера со поранешната водителка на вести Лорен Санчез, пред да го објави разводот со сопругата со која бил во брак 25 години.
Таблоидот ги отфрли обвинувањата и објави дека дејствувал согласно законските прописи.
„Не се работи за уцена. Изворот на информацијата во текстот во National Enquirer е доверлив извор кои што веќе седум години соработува со таблоидот. Се работи за извор што им е познат на Безос и на Санчез“, изјави Елкан Абрамович, адвокат на медиумската групација American Media Inc. (AMI) која што го издава National Enquirer.
Имаше медиумски шпекулации дека братот на Лорен Санчез, Мајкл Санчез, можеби ги доставил приватните текстуални пораки до таблоидот.
Сепак, извршниот директор на медиумската групација Дејвид Пекер и медиумскиот конгломерат може да се најдат во судски процес, ако се потврдат наводите за уцени врз Безос или ако се докаже дека National Enquirer бил директно инволвиран во крадење на приватни телефонски СМС пораки.
Безос сугерираше дека можеби е мета во National Enquirer како одмазда на пишувањата во Вашингтон пост со критичкото покривање на претседателот Трамп, како и за наводната вмешаност на саудискиот принц Мохамед бин Салман во убиството на саудискиот дисидент и колумнист на Пост Џамал Кашоги.
Белата куќа и саудиски официјални лица негираа вмешаност во текстовите и фотографиите на National Enquirer.
Facebook Forum