Линкови за пристапност

Со македонско и албанско знаме, европскиот првак во борење Бесир Алили ја прослави победата во Скопје


Macedonian wrestler Besir Alili Champion in Europe
Macedonian wrestler Besir Alili Champion in Europe

Бесир веќе е стипендист на град Скопје, а од советот на општината градоначалникот Шилегов кажа дека ќе побара поддршка и за него и за боречкиот клуб Лирија од Скопје.

Младиот борач од Скопје, Бесир Алили кој за Северна Македонија на европското првенство во борење во кадетска конкуренција во Фиренца Италија освои златен медал денес беше пречекан во главниот град. Toj треба да ја претставува земјата и на следните Олимписки игри.

„Се надевам дека ќе постигнам најдобар резултат што можам да постигнам на Олимпијадата“, кажа Алили.

Стотина граѓани најпрво на влезот на Скопје го пречекаа Алили, а потоа прославата продолжи на плоштадот Скендер Бег, каде беа присутни и градоначаликот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу. До европската титула Алили стигна победувајки ги Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија, Лука Гугешашвили од Грузија. Во финалето беше подобар од Хатрјун Ховханисјан од Ерменија со 7-6. За Алили се смета дека е иднината на македонското борење

Бесир веќе е стипендист на град Скопје, а од советот на општината градоначалникот Шилегов кажа дека ќе побара поддршка и за него и за боречкиот клуб Лирија од Скопје.

„Бесир благодарам што не учиш нас старите како се сака оваа држава. Ова се твоите моменти. Од тебе очекуваме да бидеш новиот Шабан Трстена и да бидеш новиот олимписки првак“, рече Шилегов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG