Истражителите пронашле докази кои водат кон закани од „сериозни напади врз цели на неколку познати локации за време на празнувањето на Новата година. Обвинителството не откри за кои потенцијални мети станува збор. Освен што е главен град на Белгија, Брисел е седиште на Европската комисија, на НАТО како и на неколку агенции на ОН. Рациите почнаа во неделата во близина на Брисел и Лиеж кога беа пронајдени воени униформи и пропаганден материјал на Исламската држава. Шест лица беа уапсени, но четворица беа ослободени.
Еден од уапсените е обвинет дека е водач на терористичка ќелија и регрутира борци.