Линкови за пристапност

Лестер Бо Мејкејлеб - новиот идол на Македонците


Лестер Бо Мејкејлеб - новиот идол на Македонците
Лестер Бо Мејкејлеб - новиот идол на Македонците

После победата над Хрватска, Македонија беше зафатена од вистина еуфорија, што особено се засили со поразот на Босна и Херцеговина (75-63)

Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мејкејлеб е новиот идол на Македонците. Она што сите го зборуваа, членовите на кавадаречката навивачка група Лозари и визуелно го претставија - среде Кавадарци исцртаа огромен графит висок два и широк три метри, со ликот на човекот за кој како што самите велат, не е роден Македонец, а за Македонија игра со цело срце. Со неговите 27 поени на натпреварот на македонската национална репрезентација со Грција на Европското кошаркарско првенство во Литванија и одлучувачките со Финска, Борче Македонски, како што му се обраќаат неговите соиграчи, стана миленик на сите.

„Не е вистински Македонец, а игра со цело срце за Македонија“, вели навивачот Александар.

„Јас се чувствував во тој момент како најгорд Македонец, не се опишува чувството, да ја победиш Грција“, вели Слободан од навивачка група Лозари.

После првата победа над тимот на Хрватска, Македонија беше зафатена од вистина еуфорија. Оној со Грција го достигна врвот, а победата над тимот на Финска само ги зголеми надежите дека македонската тимска кошарка е на чекор од еден од најголемите успеси – да освои медал. Нема град каде натпреварите на македонските кошаркари на Евробаскетот не се следат организирано - на видео бимови, а и победите се слават заеднички на плоштадите. Социјалните мрежи станаа најсигурен начин за организирање на заедничките следења на настапите на македонскиот национален тим. Без исклучок, наместо на политичките настани, домашните медиуми им ги отстапија насловните страници на „хероите“ Антиќ, Гечевски, Илиевски, Мекејлеб, Стојановски, Самарџиски, Чековски, Соколов кои се најдоа и на веб страницата на Националната американска кошаркарска асоцијација – НБА. Младите пак добија свои нови идоли.

Поразувањето на тимот на Босна и Херцеговина со резултат од 75:63 уште повеќе ја засили еуфоријата на национално ниво.

XS
SM
MD
LG