Меѓународната кошаркарска Федерација ФИБА спроведува истрага за тепачката меѓу Австралија и Филипините, која резултираше со исклучување на 13 кошаркари.
Размената на тупаници се случи на натпреварот за квалификации за Светското првенство во 2019-та во понеделникот навечер во Арената Филипини недалеку од Манила. Австралија водеше со 79-48 во третата четвртина, кога Роџер Погој од Филипините го удрил австралискиот кошаркар Крис Гулдинг со лакт, по што почнала масовна тепачка.
Во тепачката и еден навивач фрлил столче врз играчите. ФИФА отвори дисциплинска постапка против двата тима, а конечната одлука ќе биде објавена деновиве. Меѓу играчите кои учествувале во тепачката, нема сериозно повредени.
Facebook Forum