Линкови за пристапност

Иран истрела балистички проектили врз две ирачки бази, нема жртви


Иранскиот претседател Хасан Рохани преку Твитер напиша дека „иранскиот конечен одговор за убиството на генералот Солејмани ќе биде протерување на сите американски сили од регионот.

Иран истрела повеќе од десетина балистички проектили врз две ирачки бази каде се стационирани американски војници, чекор што доаѓа откако иранските лидери се заканија дека ќе извршат одмазднички напади против САД откако во воздушен напад беше убиен вишиот ирански генерал Солејмани.


Иранскиот Врховен водач Ајатолахот Али Каменеи ги окарактеризира нападите како „шлаканица по лицето“ и оти „коруптивното присуство“, на САД во регионот треба да биде окончано.

Иранскиот претседател Хасан Рохани преку Твитер напиша дека „иранскиот конечен одговор за убиството на генералот Солејмани ќе биде протерување на сите американски сили од регионот.


Неколку часа по нападот, претседателот Трамп преку Твитер направи биланс на повредените и предизвиканата штета и оцени дека засега е добро. Тој напиша – „имаме најмоќна и добро опремена армија во светот“.

Канцеларијата на ирачкиот премиер објави дека нема жртви во редовите на ирачките сили и оти нема извештаи за загинати и повредени меѓу коалиционите војниците предводени од САД.

Во соопштение од Багдад, се вели дека Иран го информирал Ирак дека извршил напади како одговор на воздушниот напад од САД.

„Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме против секоја агресија“, изјави шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, кој претходно преку твит појасни дека нападот со балистички проектили е „пропорционална мерка на самоодбрана“.

Синоќешниот напад со балистички проектили е последен чекор од серијата настани изминатите две недели кои водат до зголемена напнатост меѓу САД и Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG