Линкови за пристапност

Администрацијата во САД бара начин да го вметне прашањето со државјанството во пописот


„Ги разгледувам сите можности. Постојано дискутираме со претседателот по одлуката од Врховниот суд. Ќе најдеме начин да го вметнеме прашањето во пописот“, рече Бар.

Главниот правобранител Вилијам Бар изјави дека администрацијата на претседателот Трамп ќе преземе мерка неделава и со кое ќе дозволи контроверзното прашање за државјанството да се додаде на пописот во 2020-та, и покрај тоа што Врховниот суд се произнесе против.

„Ги разгледувам сите можности. Постојано дискутираме со претседателот по одлуката од Врховниот суд. Ќе најдеме начин да го вметнеме прашањето во пописот“, рече Бар.

Врховниот суд минатиот месец го отфрли аргументот на актуелната администрација за вклучување на прашањето со државјанството за да се заштити правото на гласање од малцинствата.

Противниците тврдат дека прашањето со државјанството во пописот може да ги обесхрабри имигрантите да учествуваат во пописот, а тоа може да се одрази врз целосната слика за популацијата во земјата и да резултира со помалку демократски претставници во Конгресот и федерални средства за областите и градовите каде живеат имигрантите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG