Линкови за пристапност

Те нарековме според лик од филм за вампири!


Те нарековме според лик од филм за вампири!
Те нарековме според лик од филм за вампири!

Поп-културата - битно влијание во изборот на имиња во САД.

Се работи за повеќе од случајна причина бебињата родени во САД во 2010-тата да се крстени Изабела или Џејкоб. Овие имиња се меѓу 10-те најпопуларни, а токму така се наречени едни од главните ликови на популарната вампирска сага „Самрак.“

Изборот на имиња несомнено е под влијние на трендовите во поп-културата.

Според листата на најпопуларни имиња за бебиња за 2010-та, објавена на Интернет-страницата BabyCenter.com, најпопуларно машко име е Идн. Такво име носи еден од главните машки улоги во хит-серијата „Сексот и градот“.

Изабела, третото најпопуларно име за девојчиња, најверојатно е варијанта на популарната на Бела од „Самрак.“. И Џејкоб добро се котира – убавото момче кое се претвора во волк во истата серија.

Интересно е што Софија е на првото, а Ева на петото место. Софија Лорен и Ева Гарднер пред половина век ги полнеа кино-салите. Дали ова значи дека и имињата на холивудските ѕвезди од минатото се враќаат во мода?

10 најпопуларни женски имиња во САД според BabyCenter.com

1. Софија

2. Ема

3. Изабела

4. Оливија

5. Ава

6. Лили

7. Клои

8. Мадисон

9. Емили

10. Абигејл

10 најпопуларни машки имиња во САД според BabyCenter.com

1. Идн

2. Џексон

3. Мејсон

4. Лиам

5. Џејкоб

6. Џејден

7. Итан

8. Ноа

9. Лукас

10. Логан

XS
SM
MD
LG