Линкови за пристапност

Последици од Ковид: Целосно опоравување на авиосообраќајот во 2024-та


Целосно опоравување на авиосообраќајот во 2024-та
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Иако повеќето линии што биле запрени во 2020 година се враќаат до Аеродромот во Скопје, а до крајот на јуни, очекуваат враќање и на седум редовни и шест чартер авио линии до Охрид.

По економската криза во 2008 година, кога биле потреби шест години за целосно опоравување, ова е најголемата криза со која се соочува авио сообраќајот.

Прогнозите дека целосно опоравување на авио индустријата ќе има дури во 2024 година.

Патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми во јануари и февруари 2021, споредено со истиот период во 2020 година, кога и пандемијата сè уште не беше започната, е опаднат за дури 70%, велат од ТАВ Македонија.

Дел од авиокомпаниите се уште работат редуцирано, а многу авионски линии и понатаму се во прекин, откако Ковид 19 удри најсилно врз авиосообраќајот. Иако има раздвижување, тоа е многу малку во однос на тоа како било пред корона кризата.

Минатата година кога почна пандемијата, почнаа некои прогнози кога авиосообраќајот ќе се опорави. Имаше некои прогнози дека до крај на 2021 година, сега се шпекулира до крај 2024 година
Мекиноска, сопственичка на агенција


„Минатата година кога почна пандемијата, почнаа некои прогнози кога авиосообраќајот ќе се опорави. Имаше некои прогнози дека до крај на 2021 година, сега се шпекулира до крај 2024 година, целосно опоравување на авио сообраќајот“, коментира Биљана Менкиноска, сопственичка на туристичка агенција

Според некои анализи по економската криза во 2008 година кога биле потребни шест години за целосно опоравување, ова е најголема криза во авио индустријата, вели Менкиноска, чија што агенција се занимава со продажба на авио билети.

Имате еден Квантас, австралискиот национален превозник, кој ги суспендира сите интернационални летови минатата година и кој планира да ги воспостави повторно до октомври 2021 година.
Менкиноска, сопственичка на агенција


„Секој проект што ќе се почне е со многу проблеми. Тоа значи дека секојдневно имаме нови процедури и нови барања од секоја држава. поединечно. Имате еден Квантас, австралискиот национален превозник, кој ги суспендира сите интернационални летови минатата година и кој планира да ги воспостави повторно до октомври 2021 година. Замислете колкав е тоа проект во мирување“, вели Биљана Менкиноска, сопственичка на туристичка агенција.

Поради ваквата ситуација ќе трпи и домашниот туризам,ако се знае дека најголем дел од странските туристи во Охрид доаѓаат со директни чартер летови. Сите летови закажани за мај со холандски туристи беа откажани. Надежта е дека од средината на јуни во зависност од пандемијата би можело да се очекува по некој авион.

Имаат кружни тури низ Македонија, па заминуваат повторно од Аеродром Скопје.
Маленко, сопственик на агенција


„Голем дел доаѓаат и со редовните линии. Ние имаме групи кои доаѓаат со редовни линии до Скопје. Имаат кружни тури низ Македонија, па заминуваат повторно од Аеродром Скопје. Значи сето тоа се одразува на домашниот туризам бидејки минимални се линиите кои оперираат, а со тоа е минимален и бројот на луѓе кој патуваат“, вели, Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Очекувањата се дека најтешко ќе се опоравуваат бизнис патувањата.

Биљана Менкиноска-сопственичка на туристичка агенција, коментира: „Секогаш по вакви кризи најтешко се опоравуваат бизнис патувањата. Најлесно ќе се опорават туристичките патувања, бидејќи, луѓето се желни да патуваат“.

И Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција со став: „И утре ако се олабават сите мерки и доколку се отворат сите граници и доколку нема протоколи, ќе биде многу тешко авио компаниите да се вратат. Бидејќи голем дел од нив ги отпуштија вработените. Голем дел од авионите имаат многу големи процедури кои треба да ги поминат пред да почнат повторно да летаат“.

Постои стравување дека поради актуелната ситуација, ќе дојде до пораст и на цените на авионските билети за неколку проценти.

Загубите на авио-компаниите во 2020 во споредба со 2019-та, се проценуваат помеѓу 40-60%.

Сите компании имаат загуби, земаа кредити, помош од државата, тие треба да се враќаат.
Менкиноска, сопственичка на туристичка агенција


„Сите компании имаат загуби, земаа кредити, помош од државата, тие треба да се враќаат. Два-три проценти шпекулираат зголемување на цената“, коментира Биљана Менкиноска, сопственичка на туристичка агенција.

Патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми во јануари и февруари 2021, споредено со истиот период во 2020 година, кога и пандемијата сè уште не беше започната, е опаднат за дури 70%, велат од ТАВ Македонија.

Иако повеќето линии што биле запрени во 2020 година се враќаат до Аеродромот во Скопје, а до крајот на јуни, очекуваат враќање и на седум редовни и шест чартер авио линии до Охрид, од ТАВ велат дека поради брзите промени во политиките на различни земји за влез на нивно тло, очекуваат можни промени во фреквенциите на летовите на најавените дестинации, како и можни откажувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG