Бројот на американските деца дијагностицирани со аутизам бележи нагорна линија, од едно на секои 110 во 2006-та, па се` до едно на секои 88 деца во 2008-та. Најновите податоци се должат на студијата на американската влада за ова пореметување во развојот што вообичаено се случува во првите неколку години од животот на детето и го зафаќа развојот на мозокот и способноста за комуникација.
Аутизмот се манифестира со различни видови на однесување. Некои деца имаат блага верзија на болеста, наречена Аспергеров синдром. Други се посериозно погодени, со екстремни тешкотии за социјализирање и комуникација. Американските центри за контрола и превенција на болести, со седиште во Атланта, ги проучиле податоците за 8-годишни деца од 14 сојузни држави собрани во 2008-та години. Откриено е дека на секои 1.000 деца преку 11 биле дијагностицирани со аутизам. Според владината организација, ова особено се однесувало на момчиња, едно на секои 54.
Директорот на Центри за контрола и превенција на болести, Томас Фриден изјави дека зголемувањето на деца болни од аутизам можно е да се должи на подобрените начини за препознавање на симптомите на пореметувањето.