Линкови за пристапност

Австралија го суспендира учеството во воздушните операции во Сирија


Оваа земја е дел од коалицијата која ги почна воздушните напади врз цели на Исламската држава во Сирија во септември 2014-та.

Австралија најави дека привремено ќе ги суспендира воздушните напади врз Сирија. Овој чекор доаѓа неколку дена откако американски борбен авион собори сириски, а сојузникот на режимот во Дамаск, Русија одговори со закана дека сите борбени авиони на коалиционите сили предводени од САД - ќе бидат сметани за мета.

Австралија е дел од коалицијата која ги почна воздушните напади врз цели на Исламската држава во Сирија во септември 2014-та.

Во соопштение од австралиското министерство за одбрана се вели дека ќе ја надгледува „ситуацијата во Сирија“, пред да донесе конечна одлука за продолжување на мисијата со воздушните напади. Министерството во Канбера соопшти дека нападите во соседен Ирак се дел од коалиционите напади предводени од САД.

САД жестоко реагираа на руските закани.

„Ќе сториме се` што можеме за да ги заштитиме нашите интереси“, изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, бранејќи ја одлуката да биде соборен сирискиот борбен авион СУ-22, кој вршел воздушни напади врз коалиционите сили во близина на сирискиот град Табга.

„Сирискиот режим треба да сфати дека ние го задржуваме правото на само-одбрана на коалиционите сили кои се во сојузништво против ИСИЛ, рече Спајсер.

Рускиот заменик–министер за надворешни работи Сергеј Рајбков го окарактеризира соборувањето на сирискиот авион како „акт на агресија“. Министерството во Москва издаде соопштение во кое ги предупреди коалиционите сили дека нивните авиони ќе биде сметани за мети, и комуникацискиот канал за спречување инциденти од воен ангажман ќе биде затворен.

Спајсер рече дека Вашингтон ќе работи да ги одржи отворени каналите на комуникација со Русите, според неговите зборови, “за да се избегне конфликт при потенцијални предизвици“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG