Линкови за пристапност

Австралија ги заостри мерките за социјално дистанцирање


Илјадници вработени ќе останат без работа; коронавирусот ќе се одрази врз економијата

Австралија воведе мерки без преседан за социјално дистанцирање со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИС-19. Досега на овој континент има 2600 позитивни случаи.

Сите што ќе бидат фатени како ги прекршуваат мерките од австралиската влада ќе бидат казнети или приведени.

Официјални лица од државата Нов Јужен Велс критикуваа за „неодговорното однесување, вклучувајќи и доведување во опасност на животите на другите“. 70.000 полицајци, вклучувајќи и специјалци се подготвени да ја спроведуваат мерката за социјално дистанцирање. Нови казни се најавуваат за оние кои што одбиваат да го почитуваат доброволниот карантин.

Австралијците се охрабруваат да јавуваат за прекршување на владините мерки на бесплатни телефонски броеви.

Минатата недела, топлото пролетно време привлече илјадници посетители на сиднејската плажа Бонди, прекршувајќи ја забраната за јавен собор поголем од 500 луѓе.

Оттогаш се затворени цркви, библиотеки, јавни базени, музеи.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека други традиционални настани ќе бидат одложени.

КОВИД-19 во Австралија продолжува да ја поткопува економијата. Туристичките агенции и авионските компании најавија дека илјадници вработени ќе ги загубат работните места.

Владата исто така им забрани на Австралијците да патуваат во странство со цел да се забави ширењето на коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG