Линкови за пристапност

Австралија изрази загриженост за приведените Канаѓани во Кина


Кина ги обвини Мајкл Спавор и Мајкл Корвиг за закана по државната безбедност

Австралија изрази загриженост за кинеското приведување на двајца канадски државјани откако експерти за надворешна политика го покренаа прашањето за молкот од Камбера.

Претходно уследи жестока осуда за апсењето на двајцата Канаѓани од ЕУ, Британија, Германија и Франција. Тие изразија загриженост за наводната политичка мотивација за нивното приведување. Кина ги обвини Мајкл Спавор и Мајкл Корвиг за закана по државната безбедност.

И покрај меѓународната осуда, Австралија, уште еден западен сојузник на Канада, го одбележа инцидентот со молк. Немаше официјално објаснување, но група од 30-тина академици и поранешни дипломати ја потпишаа петицијата со која ја повикаа Камбера да повика на ослободување на приведените.

Рори Медкалф, шеф на Националниот колеџ за безбедност при националниот австралиски универзитет, рече дека Австралија мора да застане, рамо до рамо, со Канада.

„Ако демократски општества од средна големина не се заедно против агресивното однесување на Кина на меѓународна сцена, тогаш поединечно ќе бидат мета на слично манифестирање сила кога ќе има судир на интереси со Пекинг“, вели Медклаф.

Како одговор, австралискиот министер за надворешни работи Марис Пејн издаде кусо соопштение во кое не го поддржа барањето на Канада за итно ослободување на притворените.

„Австралиската влада е загрижена за неодамнешното приведување на двајца канадски граѓани во Кина. Ќе бидеме можне загрижени ако овие случаи се поврзани со правните процедури коишто во моментов се водат Канада, во кои е вклучен кинескиот државјанин Менг Вангжоу“, коментираше Пејн.

Кина е најголем трговски партнер на Австралија. Но, во последно време има заладување на односите поради обвинувањата дека Пекинг се мешал во внатрешната политика на Австралија, додека Канбера беше обвинета од Кина за кибернетска шпионажа.

Претходно, Австралија обвини дека нејзини компании биле меѓу глобалните жртви од интензивната кампања на кибернетската шпионажа поддржана од кинеската влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG