Уште една ноќ од некоординирани напади со проектили од палестинските милитанти од Газа кон Ерусалим беа пресретнати со воздушни напади од израелските безбедносни сили.
Најмалку 22-ца загинаа во Газа од израелските напади за време на ноќта. Портпаролот на израелската армија потврди дека 15 оперативци од Хамас и Исламски Џихад се верува дека загинале во нападите. Армијата објави дека најмалку шест израелски граѓани се повредени во нападите.
Утринските напади уследија само неколку часа откако најмалку 20 луѓе, вклучувајќи и девет деца, беа убиени во Газа од израелските воздушни напади врз мети на Хамас. Тие беа одговор на 150 проектили, истрелани врз Израел од Газа, според армијата. Шест од нив, целеле на Ерусалим.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас ја преминал „црвената линија“ со ракетни напади. Се верува дека е прв пат Хамас да стрела со ракетни напади кон Ерусалим, од војната во 2014-та.
Facebook Forum