Линкови за пристапност

И атеистите имаат свој празник


И атеистите имаат свој празник
И атеистите имаат свој празник

Па сепак, неодамнешна анкета утврди дека 17% од Американците не се идентификуваат со ниту една вера. Меѓу помладите возрасни, износот е околу 25%.

Малцинството Американци-атеисти деновиве може да се почувствуваат изолирани. Во САД е сезона на верски празници – само што беше прославен Божиќ минатата недела. Една атеистичка група затоа создаде свој секуларен празник и се надева дека ќе стане - традиција.

Семејството Калмансон поготвува вечера во својот дом во Лорел, сојузната држава Мериленд. Десетици гости дојдоа да го прослават секуларниот празник „Човекова светлина“, што паѓа на два дена пред Божиќот во САД.

“Сите други одат на забави за Божиќ, Ханука, Кванза и лесно може да се случи да се почувствувате исклучен“. Вели Џени Калмансон, која припаѓа на атеистичката група хуманисти.

Хуманистите тврдат дека не се против религијата. Калмансон е воздухопловен инженер со пасија по науката. Вели, празникот „Човекова светлина“ го прославува човековото резонирање.

„Целата смисла на хуманизамот е дека е можно, всушност пожелно да се живее добар, морален и среќен живот и дека не ви треба Господ за да го сторите тоа“, коментира Калмансон.

Повеќето Американци не би се согласиле. За нив верата, особено за празниците, е мошне битна. Па сепак, неодамнешна анкета утврди дека 17% од Американците не се идентификуваат со ниту една вера. Меѓу помладите возрасни, износот е околу 25%.

За Рој Спекхарт од Американското хуманистичко здружение, тоа е причина да се празнува.

“Кога јас растев, атеистичкото размислување не беше ниту можно. Денес, пак, со книгите на Ричард Докинс, Сем Харис и Кристофер Хиченс, со рекламите тука и во светот, не може а да не знаете дека постои и таква можност“, вели Спекхарт.

Па сепак, се` што треба за да се уверите дека верата е присутна ова време во годината е да излезете од домот на семејството Калмансон и да ги видите божиќните дрва во домовите на – соседите.

XS
SM
MD
LG