Линкови за пристапност

Аспиринот можеби прави повеќе штета, отколку добро за избегнување срцев удар


Препораките се насочени кон луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол, прекумерна телесна тежина или кои имаат здравствени проблеми коишто ги зголемуваат шансите за срцев удар или мозочен удар.

Според американскиот лекарски конзилиум, повозрасните без срцеви проблеми не треба да земаат аспирин на дневна база за да спречат срцев или мозочен удар, објави Асошиејтед прес.

Во најновите препораки, како што пренесува АП, за возрасните во 60-ти години од животот, кои немале срцев или мозочен удар, се препорачува да не консумираат превентивно аспирин, се вели во предлозите од специјалниот назначен тим, задолжен за анализирање на превентивни лекарства.

За прв пат, овој панел, препорачува дека има мала корист за возрасните од консумирање на аспирин во мала доза, ако немаат ризик за внатрешно крварење. За лицата во 50-те години од животот, панелот ја ублажи сугестијата, и објави дека доказите за користа од аспиринот, не се толку јасни.

Препораките се насочени кон луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол, прекумерна телесна тежина или кои имаат здравствени проблеми коишто ги зголемуваат шансите за срцев удар или мозочен удар.

„Независно од возраста, возрасните треба да разговараат со нивните лекари за почеток или прекинување на консумирањето на аспирин, за да знаат дека е добро по нивното здравје“, советува д-р Џон Винг, експерт по примарна нега при Медицинскиот Центар Туфтс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG