Линкови за пристапност

Аспиринот не ги отстранува сите ризици


Најново истражување за користа од негово дневно конзумирање

Конзумирање по една слаба доза на аспирин дневно беше познато дека им помага на луѓето кои веќе преживеале срцев удар. Но, ново истражување пронајде дека ризиците целосно не се отстранети.

Додека аспиринот е апче кога повеќето луѓе го консумираат кога имаат главоболка има болки во мускулите, лекарите, како кардиологот Холи Андерсон, препорачуваат слаба доза на аспирин за луѓе да спречат срцев удар или други последици за оние кои веќе имале напад.

„Јасно е дека луѓето кои што имале срцев удар, може да имаат бенефит од користењето на слаба доза од едно апче, секој ден. Важно е да се намали идниот ризик за удар, и да се продолжи животниот век“, изјави Андерсон.

Новото истражување тестираше дали аспиринот може да помогне во спречување срцеви проблеми. Резултатите од три одделни истражувања беа негативни.

Друго истражување беше спроведено врз повеќе од 12.000 пациенти со умерен ризик на срцеви проблеми поради здравствени предизвици како висок крвен притисок, висок холестерол поради пушење цигари. И, во ова истражување, покажа негативни резултати.

Но, доктор Џејн Армитаџ од Универзитетот на Окфорд водеше друго истражување врз повеќе од 15.000 возрасни со дијабетес. Дошла до сознание дека аспиринот ги отстранува поголемите ризици за сериозно крвавење.

Врз база на последните истражувања, што ги објави викендов европската канцеларија за кардиологија, докторите, сепак, советуваат дека од аспиринот најдобра корист имаат луѓе, кои веќе имаат срцеви заболувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG